Отворањето на 13 Меѓународна ликовна колонија "Вевчански видувања" беше спектакл сам по себе – музичка и визуелна симфонија. Под звуците на пијано и флејта, гостите уживаа во одличната храна и прекрасната атмосфера. Врвот на вечерта беше изложбата на најдобрите дела од македонските уметници од сите претходни колонии под наслов: "Прославување на Македонското уметничко наследство".
Наши гости беа пријатели на колонијата, уметници, претставници на државните институции и дипломатскиот кор.
Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања“ претставува уникатна платформа за уметници од различни земји кои во наредните две недели ќе се поврзат, ќе разменат идеи и ќе создадат нови дела. Посебно не радува соработката со Шпаркасе банка, каде преку Шп-арт клубот на десет млади сликари ентузијасти им се дава можност да учат од најдобрите сликарски имиња.
Посетете не следниве две недели во прекрасната атмосфера на Ресторанот Виа Игнација- Вевчани.









